ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 10 јуни 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“.
Обуката има за цел да ги унапреди знаењата на државните службеници од областите на спречувањето и справувањето со корупцијата и етиката во државната служба. Истата ќе покрие содржини за имплементација на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси; како и презентирање на стратешки документи за превенција на корупцијата и судирот на интереси; имплементирање на меѓународни антикорупциски конвенции и етиката во државната служба. Истата ќе ја реализираат државни службеници-практичари од релевантни институции.
Еднодневната обука ќе се спроведе со 5 групи на државни службеници. Втората работилница е предвидена за: 26. Јуни 2013 година (среда), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Домот на АРМ во Скопје.
Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 20. Јуни 2013 година, поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, институција, звање, контакт телефон и e-mail.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 3094-237, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.
Поканети институции за работилницата на 26. Јуни 2013 година:
|























