КОНКУРС за избор на најдобри е-бизнис планови за отворање на електронската продавница

Скопје, 14 јуни 2013

Министерство за информатичко општество и администрација ги повикува сите претприемачи кои имаат намера за отпочнување и развој на бизнис во областа на електронската трговија, да конкурираат на овој Конкурс со свои бизнис планови.

 

Најдобрите претприемачи ќе добијат своја веб продавница и бесплатно хостирање во времетраење од една година.

 

Право да конкурират имаат:

 

Сите потенцијални е-трговци - физички лица државјани на Република Македонија и правни лица регистрирани за вршење трговска дејност во Централен регистар на Република Македонија.

 

Физичкото лице кое ќе се квалификува за електронска продавница како еден од најдобрите претприемачи е обврзано во рок од три недели по изборот, но пред да се склучи договорот, да регистрира фирма за вршење на трговска дејност, да се регистрира како трговец-поединец или да се регистрира како занаетчија регистриран во Регистарот на занаетчии во занаетчиските комори, согласно важечките законски прописи на Република Македонија.

 

Услови и критериуми за избор:

 

Изборот на најдобрите бизнис планови ќе го изврши Комисија за избор, составена од претставници на бизнис коморите во земјата, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за економија и други експерти. Истата Комисија ќе биде одговорна и за следење на работата на електронските продавници.

 

Бизнис плановите ќе бидат бодувани според следните критериуми:

  • Оперативен план
  • Дистрибуција и цени
  • Маркетинг план
  • Проекција на финансиски план
  • Иновативност на идејата
  • Ризици
  • Извор на финансирање
  • Образложение и практична изводливост на идејата во Бизнис планот

 

Потребни документи за учество на конкурсот:

  1. Копија од лична карта за физичко лице или Документ за регистрирана дејност за правно лице.
  1. Формулар за искажување интерес

    Преземи документ: Изјава за искажување интерес за физичко лице , Изјава за искажување интерес за правно лице
  1. Бизнис план кој е задолжително подготвен според Образецот за Бизнис план, со сите елементи кои се наоѓаат во истиот.

    Преземи документ: Образец за Бизнис план
  1. Потпишан Модел на Договор

 

Начин на учество на конкурсот:

 

За да конкурирате на Конкурсот потребно е најдоцна до 15.07.2013 да ги доставите потребните документи во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација бул. Кирил и Методиј 54, 1000 Скопје 2 кат.

 

Потребните обрасци од точките 2, 3 и 4 (Формуларот за искажување интерес, Образецот за Бизнис план и Моделот на Договор) ќе можете да ги преземете од веб локацијата на Министерство за информатичко општество и администрација, www.mioa.gov.mk.

 

Формуларот за искажување на интерес и Моделот на Договор се доставуваат во оригинален потпишан примерок.

 

Бизнис планот се доставува во една печатена копија и во електронска форма на ЦД.

 

Награда:

 

Најдобрите бизнис планови, Министерство за информатичко општество и администрација ќе ги награди со бесплатна изработка и едногодишно хостирање на електронските продавници.

 

Претприемачите ќе добијат готова е-продавница што вклучува:

 

  • Персоналзииран и брендиран дизајн за секоја веб продавница
  • Каталог на производи по категории и подкатегории на производи со цени и достапни количини, вклучувајќи описи на производите
  • професионално фотографирање на максимум 50 производи
  • едноставен систем за водење на нарачки (електронска потрошувачка кошничка)
  • модул за калкулирање на цена на поштарина според големина на кутија/тежина/дестинација
  • модул за администрација на веб продавницата кој вклучува систем за рачно внесување на производи со опција за автоматски импорт од Excel или сл.
  • Поврзување со процесор за платежни картички
  • Хостирање во времетраење од 1 година
  • Оптимизација за пребарувачи
  • Модул за регистрација и претплата на корисници
  • Можност за промоција преку клик (pay per click)
  • Обука за оптимизација за социјални мрежи
  • Инструкции за методи за промоција на продавници
  • Обука за користење на статистика за надгледување на ефективноста
  • Образци за „Општи услови“, „Политика за приватност“ и „Политика за испорака

 

По завршувањето на првата година обврска на претприемачот е да продолжи со финансирањето на продавницата.

 

Дополнителна награда:

 

Комисијата која ќе ги одбере најдобрите претприемачки планови ќе ја следи работата на веб продавниците во текот на првата година од нивното работење.

 

Најефикасните 5 веб продавници ќе бидат дополнително наградени со:

  • Бесплатно хостирање во втората година
  • Дополнителен електронски каталог за 50 производи.