Спроведена обука за Системот на јавна администрација и државна служба во Република Македонија

Скопје, 11 септември 2013

Согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, Министерството за информатичко општество и администрација на 2 и 3 септември 2013 година, ја спроведе третата обука на тема “Систем на јавна администрација и државна служба во Република Македонија“.

 

Обуката е наменета за нововработени државни службеници во текот на 2012 година, со цел овие лица да се запознаат со целокупниот систем на државна служба во Република Македонија. Истата опфати теми поврзани со суштинските карактеристики на системот на јавната администрација, прашањата на статусот, правата и должностите на државниот службеник според Законот за државни службеници, теми од областа на ЕУ и слободниот пристап до информации од јавен карактер.

 

Обуката ја спроведoa државни службеници – практичари од Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација, а на неа присуствуваа 14 државни службеници од органите на централната власт со звање Помлад соработник и Помлад референт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација