ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Скопје, 17 септември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема „Управување со човечки ресурси “.

 

Целта на обуката е државните службеници да ги продлабочат знаењата и вештините во областа на планирањето и управувањето со човечките ресурси во државната служба. Теми кои подетално ќе бидат разгледани се: Стандардите за управување со ЧР во државната служба, организационата структура и описот на работните места во органите на државната управа, постапката за селекција и вработување, оценувањето, мотивацијата, обуката на државните службеници. Обуката ќе ја спроведуваат државни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Целна група се државните службеници вработени во одделенијата за управување со човечки ресурси, во органите на централната и локалната власт.

 

Еднодневната обука ќе се одржи на 20. септември 2013 година, со почеток во 09.00 часот, во просториите на Клубот на пратеници во Скопје.

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: г-а Лаура Идризи, тел. 02/3094-239, e-mail: laura.idrizi@mioa.gov.mk

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација