ОБУКА НА ТЕМА “УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ”Скопје, 30 септември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека на 20. септември 2013 година спроведе обука на тема “Управување со човечки ресурси“ од предвидените пет обуки, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година.
На обуката беа претставени основните поими од областа на управувањето со човечките ресурси во државната служба, како и стандардите и упатствата за управување со човечки ресурси. Посебен акцент е ставен на темите: планирање на човечкиот потенцијал, утврдувањето на потребите од обука и стручно усовршување на државните службеници и управувањето со човечки ресурси засновано на компетенции.
Целна група на обуката се државните службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси, во органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа.
На оваа обука присуствуваа вкупно 22 државни службеници, од кои 17 лица од институциите на централната власт и 5 лица од единиците на локална самоуправа.
Известуваме дека за 2013 година се предвидени уште две работилници за државните службеници од институциите на централната и локалната власт што не беа поканети во претходните термини на обуката. За нивното спроведување претстои дополнително известување.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























