СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со буџет и финансии“

Скопје, 30 септември 2013

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 26. септември 2013 година реализираше обука на тема “Управување со буџет и финансии“.

 

На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со суштинските карактеристики на законодавството во областа на буџетирањето и финансиското работење, методологијата на управувањето со буџет и финансии, планирањето и распределбата на буџетските средства и нивната реализација. Истата ја спроведоа државни службеници-експерти од областа на финансиите.

 

Целна група на обуката беа државните службеници што се непосредно вклучени во процесот на подготовка и реализација на буџетските средства во сопствената институција.

 

На обуката присуствуваа вкупно 28 државни службеници од органите на централната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација