Информација за спроведување на обука “Вовед во Е-влада’’Скопје, 18 октомври 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки на тема: “Вовед во Е-влада’’.
Целта на обуката е запознавање со теми од доменот на електронската влада, со акцент на чекорите за имплементација на истата. Ќе биде претставен и разработен поимот на Е-влада, а ќе се презентираат и студии на случај од Република Македонија. Обуката ја спроведуваат државни службеници од Министерството за информатичко општество и aдминистрација.
Обуката е наменета за државни службеници чии дневни работни задачи не се непосредно врзани со теми од областа на информатичките технологии.
Обуката ќе се одржи на 22. октомври 2013 година (вторник), во Дом на АРМ, Скопје, со почеток во 09:30 часот.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























