Информација за спроведување на обука за “Конзистентна примена на законот за јавни набавки’’

Скопје, 18 октомври 2013

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки на тема: “Конзистентна примена на законот за јавни набавки’’.

 

Обуката има за цел да ги запознае државните службеници со значењето на Законот за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, тендерската документација и со практичната примена на електронскиот систем за јавни набавки.

 

Целна група се државните службеници од сите групи на звања, што ќе бидат директно вклучени во постапките за јавни набавки во сопствената институција.

 

Третата работилница на оваа тема ќе се одржи на 21. октомври 2013 година (понеделник), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Дом на АРМ во Скопје.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација