СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА КОНЗИСТЕНТНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИСкопје, 30 октомври 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 21 Октомври 2013 г. (понеделник) во просториите на Дом на АРМ во Скопје спроведе обука на тема “Конзитентна примена на Законот за јавни набавки“.
На обуката беа претставени и разработени главните карактеристики на Законот за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, тендерската документација, како и практичната примена на електронскиот систем за јавни набавки.
Целна група на обуката беа државните службеници кои се дирекно вклучени во постапките за јавни набавки.
На обуката присуствуваа вкупно 38 државни службеници, од кои 23 лица од институциите на централната власт и 15 лица од локалната власт.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk, тел. 3094-237.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























