ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА “ВОВЕД ВО Е- ВЛАДА“

Скопје, 30 октомври 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 22 Октомври 2013 година реализираше обука на тема “Вовед во Е-Влада“.

 

На обуката беа разработени главните карактеристики на поимот на Е-влада, чекорите за нејзина имплементација, како и презентирање на студии на случај од Република Македонија. Истата ја спроведоа државни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Целна група на обуката се државни службеници чии дневни работни задачи не се непосредно поврзани со теми од областа на информатичките технологии.

 

Обуката ја посетија вкупно 14 државни службенци, од кои 11 лица од институциите на централната власт и 3 лица од локалната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација