ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 1 ноември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“.
Обуката има за цел да ги унапреди и продлабочи знаењата на државните службеници од областа на етиката и спречување и справување со корупцијата во државната служба. Обуката ќе покрие материја од областа на Имплементација на Законот за спречување на корупцијата и Закон за спречување судир на интереси и Стратешки документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирање на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ќе ја реализираат државни службеници-практичари од релевантни институции.
Целна група се државните службеници чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.
Еднодневната обука ќе се спроведе со 5 групи на државни службеници. Третата работилница е предвидена за: 14. Ноември 2013 година (четврток), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Домот на АРМ во Скопје.
Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 12. Ноември 2013 година (вторник), поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, институција, звање, контакт телефон и e-mail.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 02/3094-237, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.
Поканети институции за работилницата на 14. ноември 2013 година: Агенција за администрација Министерство за култура Министерство за транспорт и врски Министерство за одбрана Министерство за локална самоуправа Биро за јавни набавки Државен инспекторат за земјоделство Академија за обука на судии и јавни обвинители Државен инспекторат за шумарство и ловство Државен инспекторат за техничка инспекција Државен инспекторат за локална самоуправа Државен инспекторат за градежништво и урбанизам Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер Биро за лекови Државен просветен инспекторат Биро за развој на образованието Управа за финансиска полиција Управа за јавни приходи Управа за животна средина Фонд за здравствено осигурување Државен инспекторат за животна средина и природа Државен инспекторат за пензиско и инвалидско осигурување Државен комунален инспекторат Агенција за промоција и поддршка на туризам
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























