ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“Скопје, 11 ноември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки на тема “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“.
Обуката има за цел да им обезбеди на државните службеници основно познавање од областа на информатичката технологија. Исто така, ќе опфаќа теми поврзани со суштинските карактеристики на Законот за електронско управување, неговата примена и обврските што произлегуваат од законот. Целна група се државните службеници чија стручна подготовка не е од областа на информатичките технологии, а имаат пристап кон електронски бази на податоци или разменуваат електронски податоци.
Со оглед на тоа што е предвидено да се спроведат 4 еднодневни обуки на оваа тема, направен е и распоред на органите за учество на истите. Третата работилница е предвидена за: 18. ноември 2013 година (понеделник) во Домот на АРМ, Скопје, со почеток во 09:30 часот. Обуката ќе ја спроведат државни службеници – практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 13. ноември 2013 година (среда), поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, звање, контакт телефон и e-mail.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk, тел. 3094-237.
Поканети институции за работилницата на 18. ноември 2013 година: Кабинет на Претседателот на РМ Канцеларија на Претседателот на ВРМ Генерален секретаријат на Влада на РМ Државна комисија за жалби по јавни набавки Министерство за култура Министерство за труд и социјална политика Агенција за промоција и поддршка на туризам Биро за развој на образованието Државен завод за ревизија Управа за водење на матичните книги Дирекција за безбедност на класифицирани информации Биро за судски вештачења Агенција за стоковни резерви Агенција за иселеништво Дирекција за заштита и спасување Агенција за администрација Управа за хидрометеоролошки работи Биро за метрологија Државен завод за индустриска сопственост Државен пазарен инспекторат Биро за регионален развој
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























