ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 18 ноември 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 14. ноември 2013 година во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше обука на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“.
На обуката беше претставена и разработена областа на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси и Стратешките документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирањето на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ја реализираа државни службеници- практичари од Државната комисија за спречување на корупција и Агенцијата за администрација.
Целна група на обуката беа државни службеници вработени во органите на централната власт чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.
На обуката присуствуваа вкупно 31 државен службеник од институции на централната власт.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























