ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“Скопје, 20 ноември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки на тема “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“.
Обуката има за цел да им обезбеди на државните службеници основно познавање од областа на информатичката технологија. Исто така, ќе опфаќа теми поврзани со суштинските карактеристики на Законот за електронско управување, неговата примена и обврските што произлегуваат од законот. Целна група се државните службеници чија стручна подготовка не е од областа на информатичките технологии, а имаат пристап кон електронски бази на податоци или разменуваат електронски податоци.
Со оглед на тоа што е предвидено да се спроведат 4 еднодневни обуки на оваа тема, направен е и распоред на органите за учество на истите. Четвртата работилница е предвидена за: 06. декември 2013 година (петок) во Домот на АРМ, Скопје, со почеток во 09:30 часот. Обуката ќе ја спроведат државни службеници – практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 03. декември 2013 година (среда), поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, звање, контакт телефон и e-mail.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk, тел. 02/3094-237.
Поканети институции за работилницата на 6. декември 2013 година: Државен завод за статистика Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи Дирекција за заштита на лични податоци Министерство за одбрана Министерство за локална самоуправа Комисија за заштита на конкуренција Министерство за одбрана Министерство за финансии Министерство за култура Народен правобранител Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Управа за извршување на санкции Совет на јавни обвинители Дирекција за безбедност на класифицирани информации Биро за јавна безбедност Агенција за остварување на права на заедниците Агенција за храна и ветеринарство Судски совет на РМ Комисија за верификација на факти Управа за финансиско разузнавање Биро за лекови Државно правобранителство на РМ Државен архив на РМ Биро за регионален развој Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























