ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“

Скопје, 20 ноември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“.

 

Обуката има за цел да ги унапреди и продлабочи знаењата на државните службеници од областа на етиката и спречување и справување со корупцијата во државната служба. Обуката ќе покрие материја од областа на Имплементација на Законот за спречување на корупцијата и Закон за спречување судир на интереси и Стратешки документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирање на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ќе ја реализираат државни службеници-практичари од релевантни институции.

 

Целна група се државните службеници чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.

 

Еднодневната обука ќе се спроведе со 5 групи на државни службеници. Четвртата работилница е предвидена за: 4. декември 2013 година (среда), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Домот на АРМ во Скопје.

 

Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 29. Ноември 2013 година (петок), поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, институција, звање, контакт телефон и e-mail.

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 02/3094-237, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација