Набавка на услуги за подготовка на информативна кампања за воведување систем на компетенции во работењето на администрацијата

Центарот за управување со промени во рамките на проектот Поддршка за реформите во јавната администрација (финансиран од Британската Амбасада фонд ДИВ)  кој се реализира во Министерството за информатичко општество и администрација, а врз основа на Договорот за грант испраќа:

 

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 05/2013
за набавка на услуги за подготовка на информативна кампања за воведување систем на компетенции во работењето на администрацијата на РМ

 

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да достават понуда во согласност со Повикот 05/2013. На веб страницата http://www.mioa.gov.mk/?q=node/3569:

  1. Покана за доставување понуди 05/2013
  2. Прилози и спецификација
    - Работни компетенции
    - Рамка на компетенции
    - Спецификација за набавка на услуги
    - Предлог финансиска понуда

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат написмено, на е-маил адреса natalija.shikova@mioa.gov.mk Краен рок на доставување на понудите е до 20.12.2013 година.

 


ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

 

П.1. Со оглед на тоа дека барате цени за различни тиражи и вкупна цена на набавката на што се однесува вкупната цена на набавката?

 

О.1. Вкупна цена на набавката е збир од сите поединечни цени, при што ако за односната ставка се бара цена за различни тиражи, при пресметка на вкупна цена се зема предвид вредноста (цената) за најголемиот од побараните тиражи

 

П2. Што се подразбира под профил на правното лице?

 

О2. Профилот на правното лице не е официјален документ, туку CV на фирмата, потфолио со препораки

 

П.3. Дали ДРД образецот може да е постар од 6 месеци?

 

О3. Може, но не да биде постар од 1 година

 

П4. Дали ДРД образецот мора да биде оргинал?


О4. Не мора да биде оргинал, може да биде и копија, не мора да биде заведена на нотар

 

П5. Дали во сите институции има сектори за човечки ресурси?

 

О5. Да

 

П6. Дали се обраќаме само на секторите за човечки ресурси?

 

О6. Се обраќаме на сите вработени во администрацијата во РМ, а не само на секторите за ЧР

 

П7. Каков треба да биде тонот на кампањата?

 

О7. Тонот на кампањата го предлагате вие. Немаме преференци

 

П8. Која е крајната цел на кампањата?

 

О8. Со кампањата сакаме да се подигне свеста за важноста на компетенциите во работењето на администрацијата и да поттикне промена во однесувањето на администрацијата во таа насока.

 

П9. Дали медиа закупот е вклучен во буџетот?

 

О9. Медиа закупот не е вклучен во буџетот, и повикот не се однесува на него

 

П10. Каде е планирано да се дистрибуираат постерите и налепниците?

 

О10. Во институциите

 

П11. На што се однесуваат 10- те куси пораки?

 

О11. Секоја порака треба да се однесува на една компетенција (дадена во рамката), остатокот треба да се пораки за компетнциите воопшто

 

П.12 Дали цената на постерот треба да вклучува нитни?

 

О.12. не

 

П.13. Дали целокупниот тираж на брошурите ќе се испечати еднократно, или ќе се печати со одредена динамика?

 

О.13. Сите тиражи се печатат еднократно, одеднаш

 

П.14. За која намена се апликативните налепници?

 

О.14. Апликативните налепници ќе се лепат на шалтери, бироа, ѕид...

 

П.15. Дали налепниците треба да бидат трајно решение (до 6 месеци), или е потребно да се задржат еден или два месеца?

 

О.15. Налепниците треба да бидат трајно решение (да се задржат најмалку 6 месеци)

 

П.16 Дали во својство на понудувач – носител на набавката имаме право да склучиме договор/и со подизвршители во форма на здружување – конозрциум и дали е потребно да се достави доказ за соработката во форма на договор/спогодба/ меморандум за здружување?

 

О.16 Да, носителот на набавката може да склучи договори со други подизведувачи за што е потребно да достави доказ за соработката во форма на договор/спогодба/ меморандум за здружување. Но, Договорот за набавка на услуги ќе биде склучен единствено меѓу Центарот за управување со промени и Носителот на набавката, па оттаму Носителот на набавката ќе биде единствено одговорен за реализација на предметната набавка.

 

П.17 Дали финансиската понуда треба да се достави на приложениот образец 4?

 

О.17 Прилогот 4 – предлог финансиска понуда - е само предлог, финансиската понуда не мора да биде доставена во тој формат, но мора да ги содржи потребни ставки согласно условите во повикот

 

П.18 Колкава е вредноста на набавката?

 

О.18 Буџетската рамка е до 1 467 000 денари, но тоа е максималната можна рамка за вкупните проектни активности. Цената треба да е реална и да ги одразува моменталните пазарни услови. Понудите освен врз основа на квалитет, ќе се ценат и врз основа на понудена цена.