ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење”Скопје, 20 ноември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема “Административно работење“.
Целта на обуката е службениците да ги продлабочат знаењата и вештините за секојдневното работење. Теми кои ќе бидат разработени се: законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Обуката ќе ја спроведуваат државни службеници-практичари од Државениот управен инспекторат.
Целна група на обуката се државни службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои сметате дека имаат потреба од оваа обука.
Обуката ќе се одржи на 25. Ноември 2013 година (понеделник) во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Согласно горенаведеното, молиме да ни доставите номинација за учество на двајца државни службеници од Вашата институција, најдоцна до 20. Ноември 2013 година (среда). Истовремено, напоменуваме дека, на службениците коишто ќе дојдат да присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата:Бисера Спасевска, тел. 3094-237, e-mail: bisera.vojcheska@mioa.gov.mk .
Поканети институции за работилницата на 25. Ноември 2013 година: Секретаријат за спроведување на рамковен договор Секретаријат за европски прашања Управа за безбедност и контраразузнување Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Државен просветен инспекторат Министерство за транспорт и врски Државен инспекторат за градежништво и урбанизам Министерство за финансии Управа за имотно правни работи Комисија за верификација на фактите Агенција за управување со одземен имот Државен завод за ревизија Комисија за заштита на конкуренцијата Агенција за катастар на недвижности на РМ Биро за развој на образованието
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























