ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење”Скопје, 22 ноември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема “Административно работење“.
Целта на обуката е службениците да ги продлабочат знаењата и вештините за секојдневното работење. Теми кои ќе бидат разработени се: законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Обуката ќе ја спроведуваат државни службеници-практичари од Државениот управен инспекторат.
Целна група на обуката се државни службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои сметате дека имаат потреба од оваа обука.
Обуката ќе се одржи на 2. Декември 2013 година (понеделник) во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Согласно горенаведеното, молиме да ни доставите номинација за учество на двајца државни службеници од Вашата институција, најдоцна до 28. Ноември 2013 година (четврток). Истовремено, напоменуваме дека, на службениците коишто ќе дојдат да присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата:Бисера Спасевска, тел. 3094-237, e-mail: bisera.vojcheska@mioa.gov.mk .
Поканети институции за работилницата на 2. Декември 2013 година: Генерален секретаријат Канцеларија на Претседателот на Владата Министерство за животна средина и просторно планирање Фитосанитарна управа Државна фитосанитарна лабораторија Агенција за млади и спорт Агенција за иселеништво Агенција за развој и инвестиции Академија за обука на судии и јавни обвинители Уставен суд на РМ Судски совет на РМ Државен завод за индустриска сопственост Државен завод за статистика Дирекција за заштита и спасување Дирекција за радијациона сигурност Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи Дирекција за безбедност на класифицирани информации Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























