ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење”Скопје, 22 ноември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема “Административно работење“.
Целта на обуката е службениците да ги продлабочат знаењата и вештините за секојдневното работење. Теми кои ќе бидат разработени се: законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Обуката ќе ја спроведуваат државни службеници-практичари од Државениот управен инспекторат.
Целна група на обуката се државни службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои сметате дека имаат потреба од оваа обука.
Обуката ќе се одржи на 11. Декември 2013 година (среда) во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Согласно горенаведеното, молиме да ни доставите номинација за учество на двајца државни службеници од Вашата институција, најдоцна до 9. Декември 2013 година (понеделник). Истовремено, напоменуваме дека, на службениците коишто ќе дојдат да присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата:Бисера Спасевска, тел. 3094-237, e-mail: bisera.vojcheska@mioa.gov.mk .
Поканети институции за работилницата на 11 Декември 2013 година: Секретаријат за спроведување на рамковен договор Биро за јавна безбедност Државен инспекторат за техничка инспекција Државен пазарен инспекторат Државен инспекторат за животна средина Управа за животна средина Служба за просторен информативен систем Државен санитарен и здравствен инспекторат Управа за водостопанство Управа за семе и саден материјал Државен инспекторат за шумарство и ловство Министерство за информатичко општество и администрација Управа за афирмирање и унапредување на културата и националностите на РМ Управа за заштита на културното наследство Државен инспекторат за локална самоуправа Биро за регионален развој Министерство за надворешни работи Министерство за образование и наука Педагошка служба Министерство за правда Државна изборна комисија Државна комисија за жалби по јавни набавки Државна комисија за спречување на корупција Агенција за остварување на правата на заедниците Агенција за стокови резерви Центар за управување со кризи Управа за извршување на санкциите Биро за судски вештачења Министерство за труд и социјална политика Државен инспекторат за труд Управа за прашања на борците и воените инвалиди Совет на јавни обвинители Јавно обвинителство на РМ Академија за обука на судии и јавни обвинители
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























