ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска унија”Скопје, 26 ноември 2013 Ве известуваме дека Министерството на информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, предвидува спроведување на серија обуки на тема “Основи на Европска унија“.
Целта на обуката е службениците да се стекнат со основни познавања за функционирањето на Европската унија. Теми кои ќе бидат разработени се: истријат на интегративните процеси во ЕУ, процеси на донесување на одлуки во ЕУ, секторски политики на ЕУ, ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ, комуникација на ЕУ институции и начини на преговарање, принципите на администрација на ЕУ. Обуката ќе ја спроведуваат државни службеници од Секретаријатот за европски прашања.
Целна група на обуката се државни службеници кои работат во одделенија за меѓународна соработка или во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.
Обуката ќе се одржи на 12 и 13. Декември 2013 година (четврток и петок) во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 09:00 часот.
Согласно горенаведеното, молиме да ни доставите номинација за учество на еден државен службеник од Вашата институција, најдоцна до 10. Декември 2013 година (вторник). Истовремено, напоменуваме дека, на службениците коишто ќе дојдат да присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата:Бисера Спасевска, тел. 3094-237, e-mail: bisera.vojcheska@mioa.gov.mk
Поканети институции за работилницата на 12 и 13. Декември 2013 година: Генерален секретаријат Канцеларија на Претседателот на Владата Секретаријат за спроведување на рамковен договор Секретаријат за европски прашања Секретаријат за законодавство Служба за општи и заеднички работи Министерство за внатрешни работи Министерство за економија Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за здравство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за информатичко општество и администрација Министерство за култура Министерство за локална самоуправа Министерство за надворешни работи Министерство за образование и наука Министерство за одбрана Министерство за правда Министерство за транспорт и врски Министерство за труд и социјална политика Министерство за финансии Агенција за храна и ветеринарство на РМ Агенција за катастар на недвижности на РМ Агенција за остварување на правата на заедниците Агенција за стокови резерви Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот Агенција за администрација Дирекција за безбедност на класифицирани информации Дирекција за заштита и спасување Дирекција за радијациона сигурност Дирекција за заштита на личните податоци
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























