ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 29 ноември 2013 Министерството за информатичко општество и администрација информира дека спроведувањето на обуката на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“ предвидена да се одржи на 04. декември 2013г. (среда), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Домот на АРМ во Скопје се одложува поради инцидентна обврска на обучувачите надвор од Скопје во тој период.
Би сакале да нагласиме дека државните службеници од оние органи што доставиле уредна номинација во рамките на крајниот рок за пријавување, ќе бидат земени предвид при одржувањето на обуката во нов термин за што ќе бидете навремено известени.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 02/3094-237, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























