ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска унија”Скопје, 30 ноември 2013 Ве известуваме дека Министерството на информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, предвидува спроведување на серија обуки на тема “Основи на Европска унија“.
Целта на обуката е службениците да се стекнат со основни познавања за функционирањето на Европската унија. Теми кои ќе бидат разработени се: истријат на интегративните процеси во ЕУ, процеси на донесување на одлуки во ЕУ, секторски политики на ЕУ, ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ, комуникација на ЕУ институции и начини на преговарање, принципите на администрација на ЕУ. Обуката ќе ја спроведуваат државни службеници од Секретаријатот за европски прашања.
Целна група на обуката се државни службеници кои работат во одделенија за меѓународна соработка или во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.
Обуката ќе се одржи на 19 и 20. Декември 2013 година (четврток и петок) во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 09:00 часот.
Согласно горенаведеното, молиме да ни доставите номинација за учество на еден државен службеник од Вашата институција, најдоцна до 17. Декември 2013 година (вторник). Истовремено, напоменуваме дека, на службениците коишто ќе дојдат да присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата:Бисера Спасевска, тел. 3094-237, e-mail: bisera.vojcheska@mioa.gov.mk
Поканети институции за работилницата на 19 и 20. Декември 2013 година: Кабинет на Претседателот на Р.М. Собрание на Р.М. Агенција за млади и спорт Агенција за иселеништво Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Центар за управување со кризи Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи Државен завод за статистика Комисија за заштита на конкуренцијата Дирекција за технолошки индустриски развојни зони Уставен суд на РМ Судски совет на РМ Совет на јавни обвинители Државна изборна комисија Државна комисија за жалби по јавни набавки Државна комисија за спречување на корупција Комисија за верификација на фактите Агенција за управување со одземен имот Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Државен завод за индустриска сопственост Јавно обвинителство на РМ Академија за обука на судии и јавни обвинители Државно правобранителство на РМ Државен завод за ревизија Народен правобранител Државен архив на Република Македонија Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























