ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Обука за изготвување на закони-1”

Скопје, 6 декември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира дводневна работилница на тема “Обука за изготвување на закони-1”.

 

Обуката има за цел да ги запознае државните службеници со методите за подготовка на законска регулатива. Истата опфаќа теми поврзани со транспарентно и партиципативно изготвување на практично и применливо законодавство, со примена на номотехнички правила; следење и оценување на спроведувањето на постојното законодавство; усогласување на македонското законодавство со меѓународните стандарди. Обуката ќе ја спроведат државни службеници-практичари од релевантни институции.

 

Целна група се државни службеници-приправници и службеници со до две години работно искуство и/или елементарни познавања на процесот на изготвување на закони.

 

Дводневната обука ќе се спроведе на 17. и 18. декември 2013 г., со почеток во 09:30 часот, во просториите на Домот на АРМ во Скопје.

 

Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 12. декември 2013 година (четврток), поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, институција, звање, контакт телефон и e-mail.

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 02/3094-237, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација