ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење “Скопје, 6 декември 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 2 Декември 2013 година (понеделник) во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше обука на тема “Административно работење“.
На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од Државниот управен инспекторат.
Целна група на обуката беа државните службеници службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои се сметаше дека имаа потреба од оваа обука.
На обуката присуствуваа вкупно 39 државни службеници, сите од органите на централната власт.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























