ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со човечки ресурси“Скопје, 13 декември 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 10. декември 2013 година (вторник) во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше обука на тема “Управување со човечки ресурси“.
На обуката беа претставени и разработени основните поими за управување со човечките ресурси во државната служба, стандардите и упатствата за управување со човечки ресурси, планирањето, координацијата и утврдувањето на потребите од обука и стручно усовршување на државните службеници и управувањето со човечки ресурси засновано на компетенции во државната служба. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група на обуката беа државни службеници кои управуваат со човечки ресурси, во органите на централна и локална власт.
На обуката присуствуваа вкупно 16 државни службеници, од кои 8 лица од институциите на централната власт и 8 лица од локалната власт.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























