ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Обука за изготвување на закони-1”

Скопје, 20 декември 2013

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 17. и 18. декември 2013 година во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше дводневна работилница на тема “Обука за изготвување на закони-1”.

 

На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со транспарентно и партиципативно изготвување на практично и применливо законодавство, со примена на номотехнички правила; следење и оценување на спроведувањето на постојното законодавство; усогласување на македонското законодавство со меѓународните стандарди. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од релевантни институции.

 

Целна група беа државните службеници-приправници и службеници со до две години работно искуство и/или елементарни познавања на процесот на изготвување на закони.

 

На обуката присуствуваа вкупно 26 државни службеници, сите од органите на централната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација