ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска унија”Скопје, 23 декември 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 12. и 13. декември 2013 година во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше дводневна работилница на тема “Основи на Европска унија“.
На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со: историјат на интегративните процеси во ЕУ; процеси на донесување на одлуки во ЕУ; секторски политики на ЕУ; ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ; комуникација на ЕУ институции и начини на преговарање; принципите на администрација на ЕУ. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од Секретаријатот за европски прашања.
Целна група на обуката беа државните службеници кои работат во одделенија за меѓународна соработка или во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.
На обуката присуствуваа вкупно 19 државни службеници, сите од органите на централната власт.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























