ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “ВОВЕД ВО Е- ВЛАДА”

Скопје, 23 декември 2013

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 16. декември 2013 година во просториите на Домот на АРМ во Скопје, ја спроведе обуката на тема “Вовед во е-Влада“.

 

На обуката беа преставени и разработени главните карактеристики на поимот на Е-влада, чекорите за имплементација, како и презентирање на студии на случај од Република Македонија. Истата ја спроведе државен службеник-практичар од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Целна група на обуката беа државните службеници чии дневни работни задачи не се непосредно поврзани со теми од областа на информатичките технологии.

 

Обуката ја посетија вкупно 18 државни службеници од кои 10 лица од институциите на централната власт и 8 лица од локалната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација