ПОВИК 06/2013 за Обука за обучувачи за развој на основни компетенции за вработени во администрацијата во Р. Македонија

Скопје, 30 декември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, во рамките на проектот „Поддршка на реформите во јавната администрација“ објавува повик за обука на обучувачи за развој на компетенции на вработени во администрацијата во Р. Македонија. Обуката за обучувачи е наменета за државни службеници од органите на администрација во Р. Македонија. Целта на обуката е да се унапредат нивните знаења од областа на рамката на компетенции, како и вештините за понатамошна испорака на обуката на други службеници во Р. Македонија.  
Обуката ќе ја спроведе реномирана, меѓународна школа/консултанти  за обуки.

 

Опис на обуката за обучувачи:

 

Обуката ќе биде поделена во 3 пакети од неколку тематски модули.  

 

  • Првиот пакет – (5 дневна обука), поделен на 2 модула:
  • Основи на лидерство и управување
  • Развој на лични способности

 

  • Вториот пакет – (4 дневна обука), поделен на 3 модула:
  • Раководење на тимови
  • Остварување на резултати
  • Услужно ориентирана администрација

 

  • Третиот пакет – (3 дневна обука), поделен на 2 модула:
  • Стратешко планирање
  • Креирање на политики

 

Времетраење на обуката за обучувачи:

 

Обуката за обучувачи е со вкупно времетраење од 12 работни дена, а ќе се спроведе во период од 3 месеци, почнувајќи од првиот квартал на 2014 година.

 

Услови за пријавување:

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- да имаат високо образование (постдипломски студии се предност)
- минимум 4 години работно искуство во државната служба;
- искуство во испорака на обуки
- задоволително познавање на областа за управување со човечки ресурси
- долгорочна посветеност на кариера во државната служба

 

Од кандидатите ќе се бара да имаат:
- способност за работа во група;
- отвореност кон нови идеи и искуства;
- одлични комуникациски вештини;
- способност за практична примена на новите знаења и вештини;
- интерес за пренесување на стекнатите знаења и вештини на други лица;
- посветеност за комплетно следење на целата обука;

 

Посебна напомена:

  • Работен јазик на обуката е англиски јазик. Од учесниците се очекува да имаат одлични познавања на англиски јазик. (предност ќе биде поседување на сертификат за познавање на англиски јазик)
  • Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката за обучувачи ќе се стекнат со  сертификат за обучувач од школата која ќе ја спроведе обуката.
  • Кандидатите кои комплетно ќе ја завршат обуката ќе имаат понатамошна обврска да испорачуваат обуки за потребите на Министерството за информатичко општество и администрација. (Тоа ќе биде регулирано со соодветен договор)

 

Начин на пријавување:

Заинтересираните кандидати  треба да ги достават следниве документи:
•Краткабиографија (CV);
•Пополнет образец за пријавување

 

Потребниот образец за пријавување е достапен на следниот линк: Образец за пријавување

 

Краен рок за пријавување:

 

Кандидати треба да ги достават наведените документи по електронски пат на маил адреса:  tot@mioa.gov.mk, најдоцна до 20 јануари 2014 до 16.00 часот.

 

Пријавите кои ќе пристигнат по рокот утврден во овој повик нема да се земат во предвид.

 

Селекција на учесници:

 

Процесот на селекција на кандидатите ќе се одвива во неколку фази. Селекцијата на кандидатите ќе ја врши Комисија составена од членови на Министерството за информатичко општество и администрација и проектот „Поддршка на реформите во јавната администрација“. Единствено кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју. За термините и распоредот на интервјуата, кандидатите ќе бидат дополнително контактирани.

 

Министерството за информатичко општество и администрација го задржува правото да побара дополнителна документација од кандидатите кои ќе влезат по потесниот круг на избор.