Оглас за бесплатни курсеви по информатика за невработени лица во Струга

Скопје, 02 јануари 2014

Со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за обука за користење на програми за кацелариско работење и користење на интернет, посебно на тие од социјално загрозените групи, Министерството за информатичко општество и администрација организира бесплатни курсеви по информатика за невработени лица во Струга.

 

Обуката е поделена на два тематски модули, и тоа:

  • МОДУЛ 1: Програми за канцелариско работење (основи на концептот на ИКТ, управување со фајлови, word, excel, power-point), и

  • МОДУЛ 2: Користење на интернет (Веб пребарувач, електронска пошта, Skype, форум и блог).

План за реализација на обуката: Обуката ќе се реализира како едномсесчна активност, а модулите ќе се спроведуваат во 4 одделни сесии, во текот на 4 седмици (Модул 1- секој вторник и Модул 2- секој четврток), при што секоја сесија ќе трае 1 час и 30 минути или 2 школски часа (1 школски час од 45 минути).

 

Обуката ќе се повтори во циклус од 12 месеци во текот на 2014 година, започнувајќи од месец јануари 2014, во просториите на Основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга.

 

Обуката освен на македонски, ќе се спроведува и на албански јазик.

 

Начин на пријавување: Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават, со доставување на следните податоци:

  1. Име и презиме,
  2. Единствен матичен број,
  3. Адреса на живеење,
  4. Уверение за невработеност,
  5. Телефон за контакт.

 

Заинтересираните кандидати својата пријава да ја достават на следната адреса: Министерство за информатичко општество и администрација, бул. „Св Кирил и Методи бр 54, 1000 Скопје, со назнака: Бесплатна обука за информатика во Струга”, или да се пријават усно на телефонскиот број 15111, секој работен ден до 16:30 часот.

 

Сите граѓани кои ќе пројават интерес ќе бидат вклучени  во бесплатната обука, а дополнително ќе бидат известени за нивниот термин за учество на обуката.

 

албанска верзија