Оглас за бесплатни курсеви по информатика за невработени лица во Кичево

Скопје, 02 јануари 2014

Во денешно време пристапот до информациско – комуникациските технологии треба да е овозможен за сите граѓани, без разлика на нивното место на живеење, возраст, образование или финансискиот статус, што претставува дел од приоритетите на Владата на Република Македонија. Исто така една од стратешките цели е и рамномерниот регионален развој кој помага во создавањето на еднакви можности за жителите во разните региони во републиката.

 

Со цел да се излезе во пресрет на овие потреби на граѓаните, а особено на локално ниво, Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија организира бесплатен “Курс за информатика“, што ќе се спроведува континуирано, започнувајќи од jануари 2014 година. По потреба, курсот може да се изведе и на албански јазик.

 

Курсот трае 4 седмици и е составен од два модули, со следниот распоред:
-Програми за канцелариско работење (основи на концептот на ИКТ, управување со фајлови, word, excel, power-point), еднаш седмично, во  траење од 1 час и 30 минути.
-Користење на интернет (Веб пребарувач, електронска пошта, Skype, форум и блог), еднаш седмично, во  траење од 1 час и 30 минути.

 

Право на учество имаат возрасни лица (над 45 години), подолго невработени и лица со посебни потреби, жители на Кичево.

 

Сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат горенаведените услови, може да се пријават во Интернет клубот во Кичево, на следната адреса: ул. “4-ти Јули “ бр. 188, локал 1/2, на телефонските броеви: 078/ 807-447 и 076/ 434-226, секој работен ден од 11.00 до 16:30 часот или да се пријават по електронски пат на: contact_mis@mis.gov.mk и netclubkicevo@yahoo.com .
Во пријавувањето кандидатите треба да ги достават следните податоци:

  1. Име и презиме,
  2. Дата на раѓање,
  3. Адреса на живеење,
  4. Доказ за статус на невработено лице,
  5. Телефон за контакт.

Сите граѓани кои ќе пројават интерес, ќе бидат вклучени во бесплатната обука, а дополнително ќе бидат известени за терминот за учество и местото на одржување на обуката.

 

Ги молиме граѓаните кои претходно посетувале бесплатна обука за компјутерски вештини во интернет клубот,  да не се пријавуваат повторно.

 

албанска верзија