Најава : Работна средба со претставници на ССМ и на КСССкопје, 15 јануари 2014 Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 15 јануари 2014 година, среда, ќе оствари работна средба со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), во врска со предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, а во 10.30 часот предвидени се изјави за медиумите.
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |