Најава : Промоција на првиот пакет на асистивни уреди во бесплатниот интернет клуб во СкопјеСкопје, 2 февруари 2014 Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 3 февруари 2014 година, понеделник, со почеток во 12.00 часот, ќе го промовира првиот пакет на асистивни уреди за лицата со посебни потреби при работа со компјутери. Промоцијата ќе се одржи во бесплатниот интернет клуб во Скопје (ул. Македонија бр.3).
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |