Арсовска Томовска ќе го отвори Државниот натпревар по информатика за ученици од средни и основни училиштаСкопје, 21 март 2014 На покана на Здружението на информатичари на Македонија, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 22 март 2014 година, сабота, во 10.00 часот, ќе го отвори XXV Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Република Македонија. Настанот ќе се одржи во зградата на Технолошко - металуршкиот факултет - простории на ФИНКИ.
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |