Арсовска Томовска ќе го отвори првиот Google семинар во МакедонијаСкопје, 4 април 2014 На покана на Македонскиот портал за онлајн маркетинг, друштвени мрежи, нови технологии, реклама и SEO – Socialnet.mk, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 5 април 2014 година, сабота, во 12.00 часот, ќе го отвори првиот Google семинар во Македонија. Настанот е партнер на меѓународната кампања „Девојките во ИКТ“, a ќе се одржи во просториите на Клубот на новинари во Скопје. На еднодневниот семинар учесниците ќе имаат можност да се запознаат со последните тенденции во онлајн маркетингот, рекламирањето и aндроид програмирањето.
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |