ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење”Скопје, 29 април 2014 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, организира серија на обуки на тема “Административно работење“.
Целта на обуката е службениците да се стекнат со знаења и вештини во секојдневното административно работење. Теми кои ќе бидат разработени се: законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Истата ќе ја спроведуваат државни службеници-практичари од Државениот управен инспекторат.
Целна група на обуката се државните службеници кои работат на прием на поднесоци/документи, но и лица кои имаат потреба од оваа тематика.
Обуката ќе се одржи на 5. Мај 2014 г. (понеделник) во Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61, со почеток во 10:00 часот.
Нагласуваме дека на службениците што ќе дојдат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: г-а Бисера Спасевска, тел. 02/ 2400-476, e-mail: (bisera.vojcheska@mioa.gov.mk) .
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























