ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со човечки ресурси“Скопје, 29 април 2014 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, организира циклус на обуки на тема “Управување со човечки ресурси“.
Целта на обуката е државните службеници да ги продлабочат знаењата и вештините во областа на планирањето и управувањето со човечките ресурси во државната служба. Теми кои подетално ќе бидат разгледани се: Стандардите за управување со ЧР во државната служба, организационата структура и описот на работните места во органите на државната управа, постапката за селекција и вработување, оценувањето, мотивацијата, обуката на државните службеници. Истата ќе ја реализираат државни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група на обуката се државни службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси, во органите на централната и локалната власт.
Предвидено е обуката да се одржи на: 30. април 2014 година (среда) со почеток во 09:30 часот, во просториите на Центарот за обуки на МИОА во Скопје.
Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 25. април 2014 година (петок), поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, звање, контакт телефон и e-mail.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk, тел. 02/2400-477.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























