ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со човечки ресурси“

Скопје, 13 мај 2014

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, организира циклус на обуки на тема “Управување со човечки ресурси“.

 

Целта на обуката е државните службеници да ги продлабочат знаењата и вештините во областа на планирањето и управувањето со човечките ресурси во државната служба. Теми кои подетално ќе бидат разгледани се: Стандардите за управување со човечки ресурси во државната служба, организационата структура и описот на работните места во органите на државната управа, постапката за селекција и вработување, оценувањето, мотивацијата, обуката на државните службеници. Истата ќе ја реализираат државни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Целна група на обуката се државни службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси, во органите на централната и локалната власт.

 

Предвидено е обуката да се одржи на 20 мај 2014 година, (вторник) со почеток во 09:30 часот, во просториите на Центарот за обуки на МИОА во Скопје, на бул. “Јане Сандански“ 61.

 

Нагласуваме дека на службениците што ќе дојдат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 02/2400-477, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација