ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со човечки ресурси“

Скопје, 21 мај 2014

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација, согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, на 20. мај 2014 година (вторник) во просториите на Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема “Управување со човечки ресурси“.

 

Целна група на обуката сe државни службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси, во органите на централната и локалната власт.

 

На обуката беа претставени и разработени основните поими за управувањето со човечките ресурси во државната служба, стандардите за управување со човечки ресурси во државната служба, организационата структура и описот на работните места во органите на државната управа, постапката за селекција и вработување, оценувањето, мотивацијата, обуката на државните службеници. Истата ја спроведоа државни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

На обуката присуствуваа вкупно 20 државни службеници, од кои 11 лица од институциите на централната власт и 9 лица од локалната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација