ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА “ВОВЕД ВО Е-ВЛАДА“Скопје, 9 јуни 2014
Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, на 4. Јуни 2014 г. во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, ја спроведе првата од серијата на обуки “Вовед во Е-Влада“.
На обуката беа претставени и разработени теми од доменот на електронската влада, со акцент на чекорите за нејзината имплементација, како и презентации на студии на случај од Република Македонија. Обуката ја реализираа државни службеници- практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група се државни службеници чии секојдневни работни задачи не се непосредно врзани со теми од областа на информатичките технологии. На оваа обука присуствуваа 5 државни службеници од органите на централната власт.
Во рамките на обуката “Вовед во е-влада“, за текот на 2014 година се предвидени уште две работилници за лицата од оние институции што не беа поканети во овој термин. За нивното спроведување ќе претстои дополнително известување.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























