ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 9 јуни 2014
Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, на 5 јуни 2014 година (четврток) во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“.
На обуката беа претставени и разработени теми од доменот на електронската влада, со акцент на чекорите за нејзината имплементација, како и презентации на студии на случај од Република Македонија. Обуката ја реализираа државни службеници- практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
На обуката беше претставена и разработена областа на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси и Стратешките документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирањето на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ја реализираа државни службеници- практичари од Државната комисија за спречување на корупција и Агенцијата за администрација.
Целна група на обуката беа државни службеници вработени во органите на централната власт чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.
На обуката присуствуваа вкупно 9 државни службеници од 9 институции на централната власт.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























