ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на волонтери во Министерството за информатичко општество и администрација

Министерството за информатичко општество и администрација, врз основа на Законот за волонтерство („Службен весник на РМ" бр.85/2007 и 161/2008) и Програмата за волонтирање во Министерството за информатичко општество и администрација за 2014 година, објавува     

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

За ангажирање на волонтери во Министерството за информатичко општество и администрација со цел приближување на работата на државната администрација кон младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурирате нa пазарот на трудот, Министерството за информатичко општество и администрација овозможува волонтирање за заинтересираните студенти.
Волонтирањето ќе биде во периодот од 01.07.2014 до 15.09.2014 година за студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат.

 

Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. весник на РМ„ бр. 85/07 и 161/08) најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Македонија исплатена во претходната година.
По завршување на волонтирањето, Министерството за  информатичко општество и администрација не презема обврска за вработување на волонтерите.
Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес, кратка биографија и копија од индекс на адреса: Министерство за  информатичко општество и администрација - Скопје, ул. Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, - 1000 Скопје, со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“.

 

Рокот за пријавување е до 20.06.2014 година.

 

Министерството за информатичко општество и аминистрација организира волонтерска работа за три (3) волонтери:

  1. Правен факултет – правни студии  (студент) 1
  2. Факултет од областа на информатичка технологија - (студенти) 2

 

Министерство за информатичко општество и администрација