НајаваСкопје, 29 јуни 2014 Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 30 јуни 2014 година, понеделник, ќе го најави почетокот на изготвувањето на краткорочната и долгорочната стратегија за развој на ИКТ индустријата во Република Македонија. На настанот кој ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 11.30 часот, ќе учествуваат претставници на државните факултети и информатичките комори во Република Македонија.
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |