ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 3 септември 2014 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, организира серија на обуки на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“.
Обуката има за цел да ги унапреди и продлабочи знаењата на државните службеници од областа на етиката и спречување и справување со корупцијата во државната служба. Обуката ќе покрие материја од областа на Имплементација на Законот за спречување на корупцијата и Закон за спречување судир на интереси и Стратешки документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирање на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ќе ја реализираат државни службеници-практичари од релевантни институции.
Целна група се државните службеници чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.
Еднодневната обука ќе се спроведе со 4 групи на државни службеници. Втората работилница е предвидена за: 09. Септември 2014 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61 (во прилог мапа со локацијата на Центарот).
Согласно горенаведеното, молиме во најкус можен рок, но не подоцна од 4. Септември 2014 година (четврток), поканетите институции да достават номинација за учество, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, институција, звање, контакт телефон и e-mail.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Мирајете Касами, тел. 02/2400-474, e-mail: mirajete.kasami@mioa.gov.mk.
Поканети институции за работилницата на 09. септември 2014 година: Секретаријат за законодавство Државно правобранителство на РМ Министерство за надворешни работи Министерство за финансии Биро за јавни набавки Управување за финансиска полиција Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието Министерство за труд и социјална политика Дирекција за радијациона сигурност Дирекција за заштита и спасување Центар за управување со кризи Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Агенција за остварување на правата на заедниците Биро за метрологија Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот Општина Тетово Општина Центар Општина Теарце Општина Сарај Општина Чаир Град Скопје Општина Долнени Општина Чучер Сандево Општина Студеничани Општина Петровец
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























