ПОВИК за ангажирање на експерти државни службеници од областа на човечки ресурси

Градењето на административните капацитети на државните службеници, како дел од реформата на јавната администрација, подразбира инвестирање во кадри и воспоставување на стандарди за раководење со луѓе, како дел од процесот на зголемување на продуктивноста и ефикасноста на вработените во државната и јавната служба. Во овој контекст, предвидено е воспоставување на Координативно тело за управување со човечки ресурси во државните институции, кое ќе биде составено од државни секретари, раководители на организациони единици за управување со човечки ресурси и експерти од областа на човечки ресурси. За таа цел Министерството за информатичко општество и администрација, објавува

 

ПОВИК

за ангажирање на експерти државни службеници од областа на човечки ресурси

 

Државните службеници кои ќе се пријават на горенаведениот повик потребно е да ги исполнат следниве услови:

  • Учество во процесот на реформа на администрацијата;
  • Најмалку десет (10) години искуство во областа на човечки ресурси;
  • Најмалку пет (5) години искуство во спроведување на обуки или образование за возрасни;
  • Поседување на истражувачки вештини;
  • Поседување на аналитички вештини;
  • Познавање на англиски јазик.

 

Ангажираните експерти ќе имаат обврска да учествуваат на работните состаноци на Координативното тело и да учествуваат во подготовка на програмите за обука за практично воведување на законските решенија за управување со човечки ресурси кои произлегуваат од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници и нивно спроведување. Исто така ангажираните експерти ќе имаат советодавна улога во процесите на структурни и организациски промени во рамките на администрацијата.

 

Заинтересираните државни службеници, кои ги исполнуваат условите наведени во Повикот, својата кратка биографија (CV), да ја достават на mioa_hr@mioa.gov.mk најдоцна до 19.09.2014 година.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација