ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со човечки ресурси“Скопје, 29 септември 2014
Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, организира циклус на обуки на тема “Управување со човечки ресурси“.
Целта на обуката е државните службеници да ги продлабочат знаењата и вештините во областа на планирањето и управувањето со човечките ресурси во државната служба. Теми кои подетално ќе бидат разгледани се: Стандардите за управување со ЧР во државната служба, организационата структура и описот на работните места во органите на државната управа, постапката за селекција и вработување, оценувањето, мотивацијата, обуката на државните службеници. Истата ќе ја реализираат државни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група на обуката се државни службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси, во органите на централната и локалната власт. Предвидено е обуката да се одржи на: 7 октомври 2014 година (вторник) со почеток во 09.30 часот, во просториите на Центарот за обуки на МИОА во Скопје, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61.
Нагласуваме дека на службениците што ќе дојдат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: г-а Ирена Стамеска, тел. 02/2400-477, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























