ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА “ВОВЕД ВО Е-ВЛАДА“Скопје, 3 октомври 2014година
Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, на 2. Oктомври 2014 г. во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, ја спроведе третата од серијата на обуки “Вовед во Е-Влада“.
На обуката беа претставени и разработени теми од доменот на електронската влада, со акцент на чекорите за нејзината имплементација, како и презентации на студии на случај од Република Македонија. Обуката ја реализираа државни службеници- практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
На оваа обука вкупно присуствуваа 16 државни службеници 12 од централната власт и 4 од локална власт.
Во рамките на обуката “Вовед во е-влада“, за текот на 2014 година се предвидени уште една работилница за лицата од оние институции што не беа поканети во овој термин. За нивното спроведување ќе претстои дополнително известување.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























