ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУЏЕТ И ФИНАНСИИ

Скопје, 15 октомври 2014година

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, организира серија на обуки на тема „Управување со буџет и финансии “.

 

Обуката има за цел да ги унапреди и продлабочи знаењата и вештините на државните службеници во областа на управувањето со буџетот и финансиите. Истата опфаќа теми поврзани со суштинските карактеристики на законодавството во областа на буџетирањето и финансиското работење, методологијата на управувањето со буџет и финансии, планирањето и распределбата на буџетските средства и нивната реализација.

 

Целна група се државните службеници што се непосредно вклучени во процесот на подготовка и реализација на буџетските средства во сопствената институција. Обуката ќе ја реализираат државни службеници - експерти од областа на финансиите.

 

Еднодневната обука ќе се одржи на 16. октомври 2014 година, со почеток во 09.30 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството, со адреса бул: “Јане Сандански“ бр. 61. За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Мирајете Касами, тел. 02/2400-474, e-mail: mirajete.kasami@mioa.gov.mk

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација