ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУЏЕТ И ФИНАНСИИ

Скопје, 20 октомври 2014 година

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, на 16 октомври 2014 година (четврток) во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема „Управување со буџет и финансии“.

 

Обуката има за цел да ги унапреди и продлабочи знаењата и вештините на државните службеници во областа на управувањето со буџетот и финансиите. Истата опфаќа теми поврзани со суштинските карактеристики на законодавството во областа на буџетирањето и финансиското работење, методологијата на управувањето со буџет и финансии, планирањето и распределбата на буџетските средства и нивната реализација.

 

Целна група се државните службеници што се непосредно вклучени во процесот на подготовка и реализација на буџетските средства во сопствената институција. Обуката ја реализираа државни службеници - експерти од областа на финансиите.

 

Еднодневната обука се одржа на 16. Октомври 2014 година, во просториите на Центарот за обуки на Министерството во Скопје.

 

На обуката присуствуваа вкупно 17 државни службеници од централната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација