Арсовска Томовска на Самит за иновации во Абу Даби

Абу Даби, 4 ноември 2014 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 5 ноември 2014 година, среда, како еден од главните панелисти, ќе учествува на Самитот за навигација на глобалните предизвици со генерацијата на иновации, кој се одржува во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Самитот ќе ги опфати идеите за менување на доменот на авијацијата, енергијата, образованието и бизнисот, со цел да се потенцира трансформативната природа на новите технологии во веќе поврзаниот свет.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација